















































Фестивалот традиционално се одржува во Меморијалниот центар АСНОМ – Пелинце, уникатна локација која нуди автентична атмосфера и незаборавно доживување за посетителите. Во изминатите години, „Пикник у Пелинце“ прерасна во симбол на позитивна енергија, заедништво и модерна фестивалска култура.
До денес успешно се реализирани пет изданија, а шестото издание е закажано за 20 и 21 Јуни 2026 година, со уште поголема продукција, интернационални артисти и збогатена фестивалска програма.
Фестивалот опфаќа:
Со посетеност од над 3000 посетители, „Пикник у Пелинце“ секоја година обединува млади луѓе од различни градови и култури, создавајќи атмосфера исполнета со музика, природа и незаборавни моменти.
Нашата цел е фестивалот континуирано да расте и да се развива во еден од водечките независни фестивали во регионот, нудејќи уникатно искуство кое ќе остане препознатливо по својата енергија, организација и автентичен амбиент.
Настанот се одржува во Меморијален центар АСНОМ с.Пелинце – Кумановоско. Локацијата од настанот можете да ја најдете на нашата страна. Кординации на локацијата: 42.278458, 21.849433
Да, на самиот настан ке има поставено штандови за храна, пијалоци, коктели како и штанд за крофни.
Да! За настанот како и претходните години е предвиден автобуски превоз кој ќе тргнува од Куманово како и од Скопје. За повеќе информации и новости ке бидете известени на нашата страна.
Да ,за време на настанот ќе има обележано место за поставување на секаков вид кампинг опрема. Истото ќе биде осветлено од наша страна и ќе има поставено место каде ќе можете да го наполните вашиот мобилен телефон како и сите останати електрични апарати.
Не, кампувањето не треба предходно да се најави, но за да ја избегнете проверката од страна на службени лица би било пожелно да ни испратите е-маил на kampuvam@piknikupelince.mk
Не, на самиот настан нема да можете да внесувате пијалоци и храна.
Не, влезници за лица под 14 години нема да се наплаќаат.
Да секако дека секој е добродојден што сака да придонесе за нашиот настан, доколку сакате да се пријавите за волонтер тоа можете да го направите со попунување на следната форма.
Од како ке доставите аплкација за волонтер во рок од 6 до 12 часа ке добиете потврден e-mail како и сите останати информации.
Двовдневен билет – 500 мкд.
Еднодневен билет (Сабота) – 400 мкд.
Еднодневен билет (Недела) – 200 мкд
Сите информации како и прашања можете да ги поставите на: contact@piknikupelince.mk