1. Секое ангажирано лице е должно:
– Да пристигне најмалку 30 минути пред почетокот на смената.
– Да ја извршува работата совесно, одговорно и професионално.
– Да ги почитува насоките на координаторите, шефовите на сектори и организаторите.
– Да го чува угледот на фестивалот и организацијата.
– Да се однесува културно кон посетители, колеги и соработници.
– Да пријави секој проблем, дефект или инцидент веднаш по неговото забележување.
2. ЗАБРАНЕТИ ПОСТАПКИ
– Консумирање дрога за време на смена.
– Доаѓање на работа под дејство на алкохол или наркотични средства.
– Поседување или користење недозволени супстанци.
– Напуштање на работно место без одобрение од надредено лице.
– Самоволна замена на смена не е дозволена.
– Караници и конфликти со посетители.
– Агресивно, заканувачко или недолично однесување.
Финансиски неправилности
– Присвојување или задржување пари.
– Наплата без евиденција.
– Самостојно одобрување бесплатни производи или услуги.
– Позајмување средства од каса.
– Отворање каса без присуство на одговорно лице.
3. РАБОТА СО ПАРИ И КАСИ
Лицата задолжени за наплата се должни:
– Да ја проверат точноста на секоја наплата.
– Да издадат фискална сметка кога тоа е предвидено.
– Да не оставаат готовина без надзор.
– Да ја предадат дневната наплата согласно утврдената процедура.
– Веднаш да пријават секој кусок или вишок.
При секое преземање на средства задолжително се евидентира:
-Време на примопредавање
– Износ
– Лице кое предава
– Лице кое прима
– Потпис од двете страни
Во случај на конфликт или проблем задолжително се повикува обезбедување.
5. РАБОТА НА ВЛЕЗ И ПРОДАЖБА НА КАРТИ
Лицата на влез се должни:
– Да ја проверуваат валидноста на билетите.
– Да ги скенираат билетите согласно процедурата.
– Да не дозволуваат влез без валидна влезница или нараквица(согласно со наредбите на организаторот, дневна, дводневна, блок како и гратисс нараквица (зависно од бојата на нараквиците).
– Да не дозволуваат внесување забранети предмети, како и јадење и пијалоци.
– Да пријават сомнителни ситуации на обезбедувањето (без оправдување дека предходно се забележиле).
– Да ја одржуваат уредноста на влезниот пункт.
– Редовно да ја проверуваат фискалната каса како и парите
6. РАБОТА НА ТОП-УП ПУНКТОВИ
Операторите се должни:
– Да издаваат фискална сметка за секоја наплата
– Да го проверат износот пред наплата.
– Да ја потврдат трансакцијата пред посетителот.
– Да ја чуваат опремата и терминалите.
– Да не вршат дополнување без евидентирана уплата.
7. РАБОТА НА ШАНК
Вработените на шанк се должни:
– Да одржуваат чиста и организирана работна површина.
– Да ги следат залихите и навремено да пријават недостатоци.
– Да вршат продажба исклучиво преку официјалниот систем.
– Да не издаваат производи без евиденција.
– Да не даваат бесплатни производи без одобрение од шеф на шанк или организатор.
– Да ги почитуваат хигиенските стандарди при подготовка и послужување.
– Да го едивентираат пиењето кое е земено од страна на роганизаторите
– Да го почитуваат правилото на (половина токен 30 мкд, цел токен 60 мкд)
8. ХИГИЕНА И ИЗГЛЕД
Секое ангажирано лице е должно:
– Да одржува лична хигиена.
– Да носи чиста и пристојна облека. ( по можност келнерска обележана мајца(без лого на локал) )
– Да го одржува работното место чисто.
– Да ги отстранува отпадоците во предвидените садови.
– Да пријави санитарен проблем веднаш по неговото забележување.
9. БЕЗБЕДНОСТ И ВОНРЕДНИ СОСТОЈБИ
Во случај на:
– Тепачка
– Пожар
– Медицински инцидент
– Оштетување на опрема
– Безбедносен ризик
– Сомнителен предмет или лице
веднаш се известува:
1. Координатор
2. Обезбедување
3. Организатор
12. ПРИМОПРЕДАВАЊЕ НА СМЕНА
При промена на смена задолжително се врши:
Проверка на опрема.
Проверка на залиха.
Проверка на готовина.
Проверка на работната состојба на пунктот.
Потпис од лицето што предава смена.
Потпис од лицето што ја презема смената.
Потпис од одговорното лице на секторот.
Проверка на извештај и фискална каса
13. ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ
*** За непочитување на правилникот може да следи: Прекин на ангажманот како и отстранување за време на настанот ***
13. ДИСЦИПЛИНСКИ МЕРКИ
*** За непочитување на правилникот може да следи: Прекин на ангажманот како и отстранување за време на настанот ***