За здружението
Music Connecting People е младинско здружение од Куманово основано во 2022 година, создадено од ентузијасти со заедничка визија — развој на современа културна сцена, поддршка на младите и промоција на локалните вредности преку музика, уметност и заедништво.
Здружението активно работи на организација на културни настани, фестивали и општествено корисни активности кои придонесуваат за збогатување на урбаниот живот во Куманово и пошироко. Преку креативни проекти и современ пристап, Music Connecting People создава простор каде младите можат да се изразуваат, поврзуваат и инспирираат.
Како организатор на фестивалот „Пикник у Пелинце“, здружението веќе шест години по ред гради уникатно фестивалско искуство кое обединува музика, природа, уметност и позитивна енергија. Со секое ново издание фестивалот расте во посетеност, организација и препознатливост, претставувајќи еден од најавтентичните open-air настани во регионот.