CAPEE & Manojlovv се македонски диџеи и продуценти познати по нивните прогресивно-мелодични звуци. Со голема страст за прогресивно техно, прогресивен хаус, прогресив-мелодичен хаус и органски хаус, се подготвени да го донесат звукот што ве води на патување во друга димензија.
По потекло од Тетово, Македонија, љубовта кон музиката ја пронаоѓаат во раните фази од тинејџерските години. Нивнато патување започна локално во локалните клубови и барови како Vibe MusicBar, Revision Club, Aquilla Club.
Тие постигнаа прилично големи достигнувања за толку краток период заедно, патуваа речиси насекаде низ Македонија, присуствуваа на неколку фестивали како Леговец Ленд, Тетовско Културно Лето и други, загреваа пред неколку големи имиња како Andrew Meller, Marko Nastic, Petar Dundov и други. Со издавањето на нивната прва трака и подготвувањето на втората, тие имаат тенденција да постигнат уште поголеми достигнунвања во светот на музичката продукција.