Со големо задоволство ве покануваме да ни се придружите на Пикник у Пелинце оваа сабота во Меморијалниот Центар АСНОМ, кој започнува во 12:00 часот. Како прв и единствен македонски тим за флег фудбал, Куманово Скелетонс, со гордост ви ги најавуваме трите активности што ги подготвивме за вас. Ние, кои веќе имаме освоено трофеи на меѓународно ниво, по нашето учество на фестивали во други градови минатата година, сега сме подготвени да го презентираме овој возбудлив спорт на нашите сограѓани од Куманово.
Активност 1: Час по Флег Фудбал за најмладите
Почеток: 12:00ч
Крај: 14:00ч
Времетраење: 2 часа
Организираме час по флег фудбал за најмладите. Поканети се и сите други да учествуваат. Ќе направиме детална презентација за вовед во спортот, по која учесниците ќе имаат можност директно да се запознаат со флег фудбалот. Потоа, ќе следи 24-минутен натпревар во два тима, водени од наши искусни играчи. Ако има голем интерес, може да организираме и мини турнир со награди за победниците. Ќе ја обезбедиме целата опрема – топки, знаменца, чуневи и playbook.
Активност 2: Погоди и Освои
Почеток: 12:00ч
Крај: 16:00ч
Времетраење: 4 часа
За оваа активност подготвивме промо материјали кои ќе бидат изложени на одредено растојание. Учесниците ќе имаат можност да фрлаат топка и да погодат некој од предметите. Доколку успеат, ќе ја освојат наградата што ја погодиле. Секој учесник има една шанса за фрлање во текот на денот.
Активност 3: Слободни Фрлања
Почеток: 12:00ч
Крај: 16:00ч
Времетраење: 4 часа
Ќе има топка достапна за подавање помеѓу заинтересираните учесници. Секој кој сака да се обиде да фрли топка за американски фудбал ќе има таква можност без никаков притисок. Потребна е само вашата желба за учество.
Нека оваа сабота биде исполнета со забава и спортски дух. Ве очекуваме на време со вашата позитивна енергија и желба за забава. Ајде да го промовираме флег фудбалот и да покажеме дека Куманово е град на спортот и забавата!