Дводневна едукативна програма и содржинa предвидена од страна на едукативен центар ,,Шаботиќ” во соработка со Бучен Козјак при учество на дводневен јубилејен фестивал ,,Пикник у Пелинце”

Сподели:


Нашиот едукативен центар во соработка со ,,Бучен Козјак” по покана од организаторите на овогодишниот фестивал ,, Пикник у Пелинце” ќе учествува со своја едукативна програма и содржини предвидени за дечиња од различна возрасна група поради природата на самиот настан. Целата програма која ќе се реализира е прилагодена според способностите и можностите на дечињата од индивидуален и групен натпреварувачки карактер. Содржините се креирани според програма на стручни лица вработени во центарот: Спец. Едукатор и рехабилитатор Тино Шаботиќ, одделенски Наставник Бранкица Лититарова, одделенски Наставник Наташа Сушелска, спец. Едукатор и рехабилитатор Анѓела Ѓорѓиевска, клинички Логопед Тамара Трајковска и проф. По Англиски јазик Валентина Јакимовска. На самиот настан учество ќе земат 6 вработени стручни лица- едукатотри од нашиот едукативен центар. Целта и идејата на нашето учество ќе биде од едукативен и забавен карактер на самите дечиња кои ќе бидат присутни, исполнето со едукативни содржини, физичко-натпреварувачки активности и социо-здравствени навики.

Во прилог го доставуваме следниот редослед на активности:

    1. Билатерaлна координација и вежби за поттикнување на изедначување и развивање на десна и лева хемисфера преку игри и активности од индивидуален карактер. Целта на оваа вежба е да ги потикне дечињата да ги употребуваат истовремено левите и десните екстремитети истовремено со синхронизирана активност при извршување на задачата.

    1. Логика и логичко размислување преку зададени шеми и активности за логичко размислување и расудување како и причинско последично размислување во дадена ситуација. Овој тип на активности ќе се реализираат во групна организирана ситуација според присутност на дечињата во даден момент.

    1. Моторика, спретност и координација- односно вежби за поттикнување на моторички функции, спретност и прецизност во извршување на зададени активности како и координација и просторна ориентација во даден момент преку шеми и принципи кои ќе треба детето да ги реши.

    1. Графомоторика и графомоторни активности преку принтани листови и материјали, односно цртање и боење на дадени форми и предмети по испрекинати точки и линии.

    1. Активности за релаксација и опуштање преку музички и ликовни мини работилници

Сите активности кои се предвидени за дводневна реализација не се ограничени временски поради моменталната присутност на дечињата и гостите за време на фестивалот.

После секоја активност дечињата ќе бидат наградени со пакет подарок од производите на млекара Бучен Козјак. Се гледаме

Одговорно лице: спец. Едукатор и рехабилитатор Тино Шаботиќ, едукативен центар ,,Шаботиќ”