Апликациите за учество на Пикник у Пелинце 2026 се ОТВОРЕНИ!

Сподели:

Со огромна возбуда ве информираме дека официјално се отворени апликациите за сите кои сакаат да бидат дел од Пикник у Пелинце 2026, кој ќе се одржи на 20 и 21 Јуни во прекрасниот амбиент на Меморијален Центар АСНОМ – с. Пелинце.

Оваа година подготвуваме уште побогато издание исполнето со музика, природа, уметност, кампување, дружба и незаборавна енергија.

Во моментов се отворени пријави за:

– Волонтери

Доколку сакаш да бидеш дел од организацискиот тим, да стекнеш ново искуство, да запознаеш нови луѓе и да бидеш дел од фестивалската магија зад сцената — пријави се како волонтер.

– Уметници / Креативци

Доколку си уметник, креативец, работиш работилници, перформанси, инсталации или имаш уникатна идеја што би сакал/а да ја претставиш пред фестивалската публика — сакаме да слушнеме за тебе.

–  Продажни штандови

Доколку имаш бренд или сакаш да поставиш продажен штанд на фестивалот — аплицирај и стани дел од нашата фестивалска зона.

Пикник у Пелинце не е само фестивал — тоа е заедница, искуство и приказна што расте од година во година.

Оваа година не очекува:

  • домашни и странски изведувачи
  • коктел барови
  • food зона
  • детски активности
  • камп зона
  • различни друштвени игри
  • активности покрај природните убавини на Пелинце

Локација: Меморијален Центар АСНОМ – с. Пелинце
Датум: 20–21 Јуни 2026 година

Аплицирај сега!