Со огромно задоволство ве известуваме дека и оваа година, во рамки на фестивалот „Пикник у Пелинце 2026“, ќе биде организирана специјална Kids Zone програма наменета за најмладите посетители.
По успешната соработка минатата година, и оваа година имаме чест и задоволство да ги пречекаме Едукативниот центар „Шаботиќ“ и нашите долгогодишни пријатели од „Бучен Козјак“, кои ќе подготват богата програма исполнета со едукативни, сензорни и забавни активности, многу игра, насмевки и изненадувања за сите деца.
Локација: Меморијален центар АСНОМ – Пелинце
Датум: Недела, 21 Јуни 2026
Почеток: 14:00 часот
Програмата ќе биде внимателно адаптирана за различни возрасни групи – од најмалите до повозрасните дечиња, со цел да создадеме безбедна, креативна и едукативна атмосфера додека родителите уживаат во музичката програма и настапите на некои од најпознатите светски и регионални диџеи.
Што ве очекува во Kids Zone?
Escape Mini Game
Тимски натпревари
Brain Games и логички игри
Gaming Corner со едукативни игри
Сензорни и интерактивни активности за деца
Ова е само дел од програмата што ја подготвуваме за најмладите посетители, а дополнителни активности и изненадувања ќе бидат откриени непосредно пред фестивалот.
За секое дете е обезбедено мало изненадување и подарок од кравичката на „Бучен Козјак“.
„Пикник у Пелинце“ и оваа година продолжува да биде фестивал за сите генерации – место каде музиката, природата, семејството и добрата енергија се спојуваат во едно незаборавно дводневно искуство.
Ги покануваме сите родители да ги донесат своите најмили и заедно да создадеме уште едно прекрасно фестивалско сеќавање исполнето со смеа, игра и дружење.
Се гледаме на 20 и 21 Јуни во Пелинце!