
Базел го започна своето диџејско патување во 2004та година, вртејќи винил по локалните клубови. И после 20 години тој сеуште пушта електронска музика со истата страст. Неговиот музички стил се менува низ годините, од брејкбит во почетоците до хаус, диско, техно во последниве години. Тој е резидент диџеј во најважните македонски клубови, настапувајќи заедно со диџеи како Folamour, James Zabiela, Kenny Larkin, Traumer, Danny Howels. Настапува низ целиот балкан а два позначајни настапи се нuа Reworks Festival заедно со Dixon & Nina Kraviz.
