
Ди-џеј и продуцент од Скопје/Македонија. Музички колекционер и селектор од своите рани години. Ентузијзамот кон музиката го разигрува низ своите сетови, во последните 5 години, активен низ скопската сцена. Неговите сетови се сплет на музички мелодии од корените на фанкот па сѐ до електро, џез, фанки, Детроит, Чикаго, даб хаус/техно, плејада миксови од олд скул и нови изданија, со динамични, весели, танц битови и џези меланхолично-класичен грув.
