Митрик и Самарџиски се дј дуо кои промовираат електронска музика активно веќе 10 години. Под нивниот бренд Room 313, како организатори и промотери, оствариле стотици клубски настани. Нивната онлајн платформа roomania.mk подржала и објавила повеќе интервјуа со големи имиња од светската сцена, истовремено со поддршка на македонски артисти. Roomania.mk настаните може да се пофалат со доста атрактивни букинзи во претходните две години. Резидент дј-и се во најзначајните македонски клубови, а настапи имале и во култни клубови во Германија, заедно со истакнати дји во стилот кој го промовираат.
