Некому познати како Мирон и Марко, дуото Монго и Омару суптилно почнува да испливува на површината на македонската електронска музичка сцена. Во изминатата година се истакнуваат како едни од најверсатилните во новиот бран скопски селектори со повеќе клупски, локални и радиски излагања, како и преку соработка со дел од новите музички колективи на локалната сцена во делот на организацијата на неколку независни јавни и under-the-radar журки во градот.
