СИТЕ ИНФОРМАЦИИ ЗА ПОСЕТИТЕЛИТЕ НА „ПИКНИК У ПЕЛИНЦЕ 2026“
Почитувани посетители,
Со големо задоволство ве очекуваме на шестото издание на Пикник у Пелинце, кое ќе се одржи на 20 и 21 Јуни 2026 година во Меморијалниот Центар АСНОМ – Пелинце.
Во продолжение можете да ги пронајдете сите важни информации кои треба да ги знаете пред да пристигнете на фестивалот.
🎟️ ВЛЕЗНИЦИ
Цени на влезници:
- Блок карта за двата дена – 500 денари
- Сабота (20.06) – 400 денари
- Недела (21.06) – 200 денари
Онлајн продажба:
https://wayin.mk/shop/events/piknik-u-pelince-2026
** Билетите ке бидат достапни и на самиот влез на настанот **
** Билети за деца под 14 години нема да се наплаќаат **
🕒 ВРЕМЕТРАЕЊЕ
Сабота – 20.06.2026
Отварање на врати: 12:00
Музичка програма: 12:00 – 05:00
Затворање на врати: 03:00 и влезот ке биде строго забранет
Недела – 21.06.2026
Отварање на врати: 12:00
Музичка програма: 12:00 – 01:00
КАМП ЗОНА
И оваа година ќе биде обезбедена Камп Зона за сите посетители кои сакаат да го поминат целиот фестивален викенд во Пелинце.
Во камп зоната ќе бидат обезбедени:
- Осветлување
- Приклучоци за полнење мобилни телефони
- Техничка вода за хигиенски потреби
- Безбедна зона за поставување шатори
⚠️ Важно:
Водата во близина на камп зоната е техничка вода и не е наменета за пиење.
🧒 KIDS ZONE
Во недела ќе биде активна и нашата Kids Zone поддржана од Бучен Козјак, а реализирана во соработка со Едукативен Центар “Шаботиќ”
Почеток: 15:00 часот и за истата нема да биде потребно да го пријавите вашето дете.
Повеќе тука.
Најмладите посетители ќе можат да уживаат во:
Едукативни активности
Сензорни игри
Креативни работилници
Забава во природа
🌳 CHILL ZONE
Низ целиот фестивал ќе бидат поставени:
🛋️ Лејзи бегови
🌴 Хамоци
🎲 Друштвени игри
🏓 Пинг понг маса
🌿 Зони за одмор и дружење
Ве замолуваме совесно да ја користите целата фестивалска опрема.
🍔 FOOD & DRINKS
На фестивалот ќе има повеќе продажни места за:
Храна
Палачинки
Крофни
Пуканки
Коктели
Безалкохолни пијалоци
Алкохолни пијалоци
Пијалоци за најмладите посетители
🚫 ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ
Согласно законските прописи:
❌ Алкохолни пијалоци нема да се продаваат и послужуваат на лица под 18 години.
❌ Енергетски пијалоци нема да се продаваат и послужуваат на лица под 18 години.
Организаторот го задржува правото да побара документ за идентификација.
За време на целиот настан ќе бидат обезбедени:
🚻 Тоалети за посетители
🩺 Медицинска служба
👮 Обезбедување
🚒 Противпожарна единица
🚌 ОРГАНИЗИРАН ПРЕВОЗ
Куманово ➜ Пелинце ➜ Куманово
💵 Цена: 150 денари
📌 Плаќање во автобус
📌 Задолжителна претходна резервација
Повеќе тука.
🚕 ТАКСИ ПРЕВОЗ
За посетителите ќе биде обезбеден и партнерски такси превоз со:
🎉 20% попуст за релација Куманово – Пелинце – Куманово
📞 075571673
🌱 ЧУВАЈТЕ ЈА ПРИРОДАТА
Пелинце е едно од најубавите природни места во Македонија.
Ве замолуваме:
✅ Отпадот да го фрлате во поставените канти
✅ Да не се оштетува фестивалската опрема
✅ Да ја почитувате природата и останатите посетители
✅ Да се однесувате одговорно во камп зоната
❤️ Ви благодариме што сте дел од Пикник у Пелинце и оваа година.
Ширете љубов, создавајте спомени, почитувајте ја природата и се гледаме на подиумот!
Ваш Пикник у Пелинце Тим 🌳🎶🏕️❤️
Настанот е поддржан од Општина Куманово и бројни пријатели и поддржувачи на фестивалот.