РАБОТИЛНИЦА ЗА ГРАФИТИ И МУРАЛИ

Сподели:

Здружение за ликовна уметност Форма Куманово е организација која постои од 2021  година и полека но сигурно ги бои ѕидовите низ сите градови на Макеоднија, оживувајќи ги и создавајќи галерија под отворено небо. Освен тоа, нивната цел е да ја придобијат младината која што ќе твори заедно со нив и ќе ги чува изведените творештва. Форма Куманово ги поддржува сите културни настани кои допринесуваат за новите генерации и за општеството во кое живееме.

Па така, оваа година на 17-ти јуни (сабота), Форма Куманово ќе биде задолжена за „Работилница за графити и мурали за деца“ во состав на настан „Пикник у Пелинце“, кој ќе се оддржи по трети пат во с. Пелинце. Оваа работилница ќе има времетраење од еден час и триесет минути. За нејзино оддржување потребни се дванаесет учесници на возраст од 8 до 17 години кои треба да се пријават на меил: forma2021@yahoo.com или на инстаграм профилот @formakumanovo. Потребно е да достават име, презиме и контакт телефон најдоцна до 15-ти јуни (четврток). Истите ќе бидат исконтактирани за понатамошните инструкции.

На работилницата ќе биде презентирано начинот на работа на организацијата, процесот на изработка на нивните дела (графити и мурали), што претставуваат тие и на какви се површини може да се изработат.  На тој начин, најмладите ќе имаат сознание како можат да се приклучат на нивната идеја, цел и мисија за истата да биде се повеќе распространета во иднината.