Почитувани посетители во понатамошниот текст сакаме да ве информираме за сите работи кои треба да ги знаете за време на посетата на Пикник у Пелинце.
Настанот започнува во Сабота 15.06.2024 год во 12:00 напладне, влезниците за двата дена ке чинат симболични 300 денари. Првиот ден (Сабота) музичката програма ке заврши во 06:00 наутро (Недела).
Вториот ден (Недела) музичката програма како и останатите активности ке започнат во 12:00 напладне а ке завршат во 01:00 по полноќ.
Настанот се состои од два стејџа и тоа Main Stage и Rising Stage. Мора да напоменеме дека Rising стејџот првиот ден (Сабота) започнува во 12:00 напладне а завршува во 22:00, додека во Недела истиот започнува во 12:00 а завршува во 21:30.
Една од главните активности која мора да ја напоменеме е ДЏ работилница која е поддржана од нашиот генерален спонзор Europe House и истата ке започне во 16:00.
На самиот настан ке има поставено штандови за храна 🍔, слатки за најмалите 🥞 (палачинки, вафли, крофни), како и пуканки 🍿. Исто така ке има поставено шанкови за алкохолни и безалкохолни пијалоци 🍻, коктели🍸 ,како и штанд за цигари.
Исто така ке има обезбедено место за поставување на шатори односно камп зона🏕️.
Ке има поставен штанд каде ке можете да си обезбедите парче облека од добро познатиот урбан бренд кој е еден од омилените брендови на многу музички имиња, а тоа е BALBUS.
За продажба на винили ке бидат задолжени добро познатите QRecords!
Како новитет во нашата програма за прв пат ви ги представуваме добро познатите Куманово Скелетонс со три активности кои можете да ги најдете на следниов линк: https://piknikupelince.mk/?p=24301
МОРА ДА НАПОМЕНЕМЕ ДЕКА АЛКОХОЛНИ ПИЈАЛОЦИ И ЦИГАРИ НЕМА ДА СЕ ПОСЛУЖУВААТ НА ЛИЦА ПОД 18 ГОДИНИ!
Низ целиот парк ке има поставено лејзи бегови, хамоци, како и три чил зони и тоа Flex Credit, Heiniken и Badel чил зона каде ке можете да се чувствувате како да сте на прав Пикник!
(ке ве замолиме совесно да ги користите сите хамоци, лејзи бегови како и се останато)
За време на настанот ке има определено место каде што ке можете да се реклаксирате односно доколку на некого му е потребна масажа ке има професионален масажер.
Исто така во Недела ке има 2 термини за вежбање јога за кои ке бидете известени за истите.
Мора да напоменеме покрај тоалетите кои ке ги има на самиот настан ке има обезбеден тоалет за лица со посебни потреби.
На самиот влез ке има поставено места каде ке можете да си подигнете бесплатно епрувета која за време на настанот ке ви послужи за фрланје отпушотоци.
Исто така на влезот ке има поставено кутија за донации за бездомни животни.
За време на целот настан ке има место каде што ке има поставено пинг понг маса, фрлање топка, како и многу други друштвени игри организирани од Makway INC и Badel.
Што се однесува до огранизираниот превоз имаме обезбедено автобуски линии со тргнување од Куманово (Градски Базен – Спортска Сала Паркинг) како и од Пелинце кон Куманово.
Сите термини можете да ги најдете на следниот линк: https://piknikupelince.mk/?p=24334
Ве молиме за совесно однесување за време на целиот настан како и зачување на природата бидејќи таа ни е потребна на сите !!
Неколку корисни линкови:
– Line up: https://piknikupelince.mk/?p=23702
– 🗺️ Мапа: https://piknikupelince.mk/?p=24212
– 🚌 Возен ред: https://piknikupelince.mk/?p=24334
– 🏈 Скелетон активности: https://piknikupelince.mk/?p=24301
– 🧘 Термини Јога:
Доколку ви се потребни било какви информации ве молиме слободно контактирајте не на нашиот инстаграм профил (piknikupelince) како и на нашиот официјален mail: contact@piknikupelince.mk
Ширете љубов, чувајте ја природата и се гледаме на подиумот !!!
Moра напоменеме настанот е поддржан од општина Кумнаово.
Ваш Пикник у Пелинце Тим ! ❤️