
Марко Николовски, познат како ME.N.U., почнува сериозно да ги следи своите музички страсти и желби веднаш по завршувањето на студиите во Амстердам. За многу кратко време, по освојувањето на фестивалот во Амстердам за најдобар продуцент/диџеј, тој успева да го насочи вниманието кон себе со својот уникатен, енергичен стил инспириран од амстердамската андерграунд техно сцена, од која е дел последните 10 години.
