
Дејан Декс @dex.on.the.decks е истакнат македонски диџеј и продуцент кој е активен на нашата електронска музична сцена од 2008ма година. Неговите диџеј-сетови се препознатливи по енергичната и наративна структура, привлекувајќи ја публиката со уникатен музички израз.
Afterme, Tied, Evaporate и Satya се само дел од етикетите каде може да се најде неговата музика, а како ко-основач и куратор на издавачката куќа Pirka, го обликува нејзиниот уметнички правец. Pirka се етаблира како влијателна етикета во електронската музика, позната по иновативни изданија и глобално признание.
Dejan Dex, De Yan, Son Kota и Phonker се псевдонимите кои ги користи за потпишување на својата музика.
